|
||||
| ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ |
![]() ТЕКСТ И ФОТО: КИРО КИПРОСКИ ГАЛИЧНИК И ГАЛИЧКАТА СВАДБА ВЕЧНО ЌЕ ОПСТОЈУВААТ Галичник и туристичката свадба „Галичка свадба“ се единствени и неповторливи во светот.Тоа го потврдуваат 45 -те досега одржани петровденските галички свадби, во 55 години ододржувањето на првата. Галичката свадба се одржува на 12 јули (Петровден) или некој ден по Петровден, викендот ( сабота и недела). И годинешното 45-то издание, како и претходните; беше убавина за очите, рај за душата, низ срмените елеци на галичани потекоа и по енкоја солза, тага за млдосгта, тага за Галичник, но и радост што Галичник опстојува, живее. Два дена од писокот на зурлите и екот на тапаните, ечера ридишата на планината Бистра, по долината на реката Радика. ![]() Два дена Галичник наликуваше во времето кога живот се живееше, свадбарски кога на Петродвден се одржуваа по неколку десеттина свадби.Околу 6.000 посетители од сите делови на Македонија и од повеќе европски држави, САД и Австралија ги следеа обичаие и со видео и фото камерите ги регистрираа сите детаљи на свадбарские обичаи и ритуали. Организаторот, Месната заедница - Галичник, иако сите учесници беа аматери, организацијата беше професионална. Посетителтие единствена забелешка упатија тоа што регионалниот паат низ планината Бистра, Маврово - Галичник, неколку часови беше блокирана за време додека премиерот Зоран Заев и минстерот Оливер Спасовски доаѓаа во Галичник и кога се враќаше од Галичник. ![]() Инаку, на досега одржаните галилчки свадби, како покровители присуствувале претседателите на државата Киро Глигоров и Ѓорѓе Иванов, премиерите на Влада, Бранко Цренковски и Хари Костов и како претседатели Саво Климовски, Никола Поповски и Љупчо Јордановски. Пред осамостојувањето на Република Македонија, на Галичката свадба присуствувале врвни републички и функционери на СФРЈ, вакво нешто не е регистрано. Годинава беше засилено обезбедвуањето со полициски сили:специјалци, припадници на дражавната и јавната безбедност, Галичник беше надлетуван со хеликоптер итн. ![]() ![]() |


























