|
||||
| Димков : Во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен |
![]() Многу цврсто стоиме на ставот дека нема промена на Уставот со цел промена на уставното име, рече Трајко Димков, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување на телевизија Телма. -Дека не треба да се поддржи договорот кажува и резултатот од референдумот. Или нашиот став е потврден и на референдумот на кој практично граѓаните рекоа НЕ. Оттука преспанскиот договор е мртов, посочи Димков. Тој објасни и дека поради чувстителноста на прашањето, партија одлучила секој да постапи онака како што мисли дека треба да постапи на референдумот. Димков истакна и дека во Службениот весник стои дека референдумот е неуспешен. -Тоа е официјален документ, истакна Димков. |






















