|
||||
| Андоновска до Заев: Не е до Влатко, ни до другите, до ТЕБЕ Е – Ти треба да си одиш! |
![]() Андоновска до Заев: Не е до Влатко, ни до другите, до ТЕБЕ Е – Ти треба да си одиш!Не бе Заев така! Или пак ни ја потценуваш интелигенцијата!? Не, не сме прости за да дозволиме ти црпнатица од Муртино да не “возиш”! Што се толку виновни претседателите на општинските организации за твојата неспособност и расипничко, антидржавно однесување!? Тргнувам од еден едноставен пример. Во Ѓорче, претседател на ОО СДС е Влатко. Влатко е виновен што ја продаде државата!? Влатко е виновен за катастрофалната економија!? Влатко ли е виновен што здравството полошо не било!? Влатко е виновен што земјоделците не се задоволни, откупот на јаболките е 1 денар, студентските домови пропаѓаат, нема ниту една инвестиција, младите не гледаат просперитет бидејки една улица немате асфалтирано а камоли да отворите нови работни места!? Влатко ли е виновен за непотизмот, расипничкото владеење, тендерите….!? НЕ! Не е до Влатко, не е ни до другите слични како Влатко! До ТЕБЕ Е! Ти Заев треба да си одиш! Да си одиш одма, заедно со целата твоја неспособна постава на министри, директори, градоначалници, пратеници од СДС! За да не живееме во заробена држава! За да има бел ден! За да си го вратиме достоинството! За да има просперитет За да успее Македонија ! Те молам, оди си!!! Фејсбук објава на поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска. |






















