|
||||
| Доаѓа време на десницата |
![]() Пишува: Светислав ВАСЕВДоаѓа време на десницатаЕвропа е поделена како никогаш до сега. Не на два дела, на десет. Тоа го покажаа резултати од неделното гласање. ЕПП, иако победи, не освои доволно гласови за сама да може да ја изгласа ЕК, тешко дека и во коалиција со социјалистите или зелените би можеле, тука ќе влезат со сигурност и други партии со разни политички идеологии, што само по себе значи многу часови преговори зад затворени врати, ветувања и пазарења. Во таква констелација во наредниот период ќе имаме една Европа која ќе биде насочена кон себе. Македонија тука не е на агенда. Дополнително на тоа ако се земат предвид лошите резултати на владата, немањето реформи, лошото судство и партизираната администрација доаѓаме до заклучок дека датум за преговори не само што нема да има во јуни, туку прашање е дали ќе има и во септември како што сега брифираат одредени кругови блиски до власта. Едноставно е. Власта нема испорачано резултати, а без резултати во ЕУ не се оди, колку и некој да сака да веруваме во спротивното. Но да бидеме реални. Европа нам не ни треба само заради Европа, туку ние вистински треба да ја доживееме ЕУ во Македонија. Нам ни требаат европските принципи и работа. Тоа значи реформи во администрацијата, деполитизација на судството, ставање крај за непотизмот, борба против корупцијата и криминалот и на крај деполитизација на општеството. Како што одат работите тешко ова да го гледаме наскоро. Не 1, 100 германски советници не не оправаат со влада која размислува како оваа. Настрана се. Што очекувате од премиер кој откако најави чистка, која како што вели ја барале граѓаните почна да мете во партијата? Тоа значи дека за него или партијата е држава или дека истата што е исто толку лошо, му е поважна од државата. И едното и другото се лоши опции. Трета нема. Како велат апсолутната власт, апсолутно корумпира… Но што понатака? Каде со ваква политичка клима? Реално проблемите се наталожени, за промена потребно е рестартирање на системот, но не со стари фаци на различни позиции, туку со нови луѓе и нова политика, нов приод и нов светоглед, во денешната власт такви луѓе нема. Трендот на раст на десницата само што е почнат, левицат паѓа скоро секаде, тргнувајќи од соседството, па нагоре низ Европа. Во такви услови повеќе од јасно е која насока може да направи разлика. |






















