|
||||
| Поранешниот министер за финансии од СДСМ распали по Владата на Заев |
![]() Поранешниот министер за финансии од СДСМ распали по Владата на ЗаевВо 1999 година сегашната опозиција предводена од Љ. Г., Н. Г. и Б. С. ја продаде скопската Рафинерија на Грците и склучи неповолен договор на 20 години со кој на пазарот ја фаворизираше положбата и рафинериската цена на горивата на ОКТА врз грбот на потрошувачите. Денес во 2019 година договорот истече и е вон сила. Сегашната власт, без наметнатите обврски од договорот донесе свои решенија со кои ги утврдува цените на горивата, но тие останаа исти. Сега немаме неповолен договор склучен од претходната власт со ОКТА нели? Се прашувам што имаме сега за цената да е иста? Имаме фаворизирање на другите учесници во процесот на снабдување со горива на штета на потрошувачите, што ќе се сведе на исто. Во новите цени на горивата сега се пресметани големопродажна маржа од 1,20 денари за литар (ставка која досега ја немаше во методологијата) и нова малопродажна маржа од 4,60 денари (досега 3,20 денари), со вклучени нови транспортни трошоци од 0,75 денари (до сега 0,50 денари) по литар. Вкупно 2,85 денари по литар нови давачки врз грбот на потрошувачите за се` да остане исто. Вчера ноќта се зборуваше за слушнати пораки од граѓаните на последните избори и обид да се поправат работите? Неее…. тоа никако. Сепак штета за една пропуштена шанса да се работи во интерес на јавноста и да не се биде заложник на разни олигарси. |






















