|
||||
| Мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА |
|
Вардар пак ја освои Европа и по вторпат во својата клупска историја го освои трофејот од најелитното ракометно натпреварување на ЕХФ, Лигата на шампионите. Пред разиграните вардарци во финалето падна унгарскиот тим на Веспрем (27-24), а на официјалната прес-конференција капитенот Стојанче Стоилов покрај тоа што го анализираше денешниот меч испрати „порака“ до портпаролот на ЕФМ. Вардар беше претставен како шампион на Северна Македонија, по што Столе реагираше и рече: „Да потенцирам, мојата држава е РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА“. Инаку, Стоилов го исполни ветувањето и дозволи Игор Карачиќ да го подигне историскиот трофеј. Извор: gol.mk |






















