|
||||
| ОМД на вечера со новата Американска Амбасадорка до Македонија |
|
Меѓу гостите присуствуваа претставници од различни индустрии, од кои сите имаат силни врски со Македонија, или преку потекло или преку инвестирање во Македонија. Преставените индустрии вклучуваат управување со отпад и заштита на животната средина, увоз на македонски производи, македонска технолошка компанија, македонска здравствена компанија, авто-преработувачка индустрија, финансиска индустрија, правна индустрија и фармацевската индустрија. Присутните имаа можност да го искажат своето несогласување со позицијата на САД за името на Македонија и Преспанскиот договор. Вечерата вклучуваше традиционална македонска кујна и македонски вина од Стоби и Тиквеш. По приемот, отворивме дискусија каде гостите и амбасадорката можеа да имаат поформална дискусија за Македонија и нејзините планови откако ќе го започне својот мандат како и улогата на Македонската Дијаспора.
|



Минатата недела, во своите канцеларии во Вашингтон, Обединетата Македонска Дијаспора беше домаќин на вечера во чест на новоодобрениот американски амбасадор во Македонија, Кејт Мари Брнз. Амбасадорката и заменичката кој ќе допатуваат во Македонија следниот месец, Џенифер Џеј Ар Литлџон, присуствуваа на вечерата заедно со истакнати гости, членови и поддржувачи на ОМД.




















