|
||||
| Што ви згрешила за до толку да ја понижувате и уништувате |
|
Дојдени на власт со лаги, манипулации, интриги, сплетки, завери, дојдени на власт со подршка на центри кои личниот интерес, богатењето, уништувањето на народите и државите им е во нивниот код, секојдневно се повеќе и повеќе ни ја понижуваат и ни ја уништуваат нашата МАКЕДОНИЈА. Јас бев сигурен, но денес се докажува дека баш тие сечеле, лепеле и монтирале.. невидени монструми.. газејќи по испуштената душа на Мартин Нешковски, газејќи по тагата и жалта на неговото семејство и газејќи по добротата на нашиот народ втурнувајќи го во конфликт во најлошото.. брат со брат.. За ова монструми од сдсм да знаете најмногу ќе платите и најмногу ќе одговарате. Со 30 % изнудена подршка на референдумот, а набргу сигурен сум и тоа ќе излезе на виделина за колку го направија, сменија и се согласија да се тргне све што ни е вековито, све што ни е свето, све што е МАКЕДОНСКО. Не понижија до дно и нас, ги понижија и нашите предци но ги понижија и нашите деца, нашата иднина. Без око да им трепне чепкаат по нашата историја, ќе давале, ќе делеле ќе угодувале на другите. Кој сте Вие да чепката по крвта и коските на нашите предци, кој ви го дал правото да ги бришете со пенкало маките и страдањата на Македонскиот народ, зарем немате во вас ни грам совест каква иднина ќе им оставите на вашите деца, дека ќе се страмат од Вас и од овие ваши постапки. Малце ви е што толку пакост му направивте на својод народ внатре во сопствената земја па сега решивте да го понижите и надвор, да ни се смеат сите, цел свет и според вашите идиотски постапки да го одредуваат IQ на Македонецот. На вас од сдсм изгледа не ви е јасно дека функциите кои ги извршувате не се приватна забава и сета ваша неспособност, недоветност и глупост да ја изразувате и практицирате преку нив. Лажната насмевка и извинувањата до небо или земја не го покриваат ова зло што му го правите на својот народ , на својата држава. Лажната искреност која водачот на ова зло ја купил од некои светски мангупи, повеќе не се купува од нашите граѓани. Оваа лажна искреност повеќе не ја купуваат ни неговите најголеми подржувачи до пред некое време, не ја купуваат ни странците на кои им беше продавана. Тој е скроз разобличен и разголен како лажго, манипулатор, сплеткар, неработник, тој се повеќе и повеќе ја оформува сликата за себе како човек без достоинство кој заради лични интереси и интереси на неговите блиски би погазил и уништил све што вреди, све што постои. Јас сум сигурен дека народот веќе го препозна и се откажа од него, тој ја нема нивната подршка. Сигурен сум дека и европските и светските лидери сватија дека со ваков човек со вакви луѓе неможат да се креираат подобри политики за Балканот и Европа. Нај сигурен сум дека иако штетите кои ги направија и сеуште ги прават по РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА се огромни, ние младите со макотрпна и напорна работа една по една ќе ги поправаме и чекор по чекор ќе го враќаме достоинството на нашата МАКЕДОНИЈА, за секој еден повторно со гордост да може да го изговара оваа свето име. Сигурен сум дека тие денови се се по блиску и не делат денови за почеток на обновување на Македонија… Нека ни е вечна татковината. Автор: Ивица Томовски, магистер по бизнис администрација и потсекретар во ВМРО-ДПМНЕ. https://www.signal.mk/kolumna-shto-vi-zgreshila-za-do-tolku-da-ja-ponizhuvate-i-unishtuvate/ |





















