|
||||
| Коњаниците Бигорски Манастир до Крушево поминаа околу двеста километри |
|
Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава го организираа традиционалниот Илинденски коњички марш. Маршот на коњаницата прв пат се одржа пред десет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато. На коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште. За пет дена низ планините на западна Македонија, коњаниците поминаа околу двеста километри. Коњаниците на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, ќе учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј. .
Од име на Управниот Одбор, сите коњаници и подржувачи на Здружението, им благодариме на сите кои ни помогнаа оваа коњаница успешно да го организира овој величенствен настан за оваа 2019 година. Оваа година Манифетацијата ја помогнаа:
|



Коњаниците Бигорски Манастир до Крушево поминаа околу двеста километри 


















