Четврток, 01 Август 2019    Печати
Коњаниците Бигорски Манастир до Крушево поминаа околу двеста километри

20190727 100105Коњаниците Бигорски Манастир до Крушево поминаа околу  двеста километри

Во спомен на храбрите Илинденци, коњаницата “Бигорски Манастир-Патот на Црешовото Топче“ годинава го организираа традиционалниот Илинденски коњички марш.

Маршот на коњаницата прв пат се одржа пред десет години како иницијатива на група граѓани ентузијасти и поддржувачи на револуционерното минато.

На коњаницата “Бигорски Манастир–Патот на Црешовото Топче“ целото монашко братсво во Манастирот Свети Јован Бигорски, секоја година и` даваат благослов на патот кон Крушево, а со тоа и` ја даваат довербата на овој коњички марш да го носи името на ова Македонско светилиште.

За пет  дена низ планините на западна Македонија, коњаниците поминаа околу  двеста километри.

Коњаниците на 2 август, на македонскиoт национален празник Илинден, ќе  учествуваат на централната прослава во славното Крушево, каде ќе се одржи центаралната прослава посветена на големиот јубилеј.

.

a 83

Од име на Управниот Одбор, сите коњаници и подржувачи на Здружението, им благодариме на сите кои ни помогнаа оваа коњаница успешно да го организира овој величенствен настан за оваа 2019 година.

Оваа година Манифетацијата ја помогнаа:

  1. Ненико ГВ
  2. МИ-МАК ДОО
  3. Ц.М.В.Г ДОЕЛ Центар за Моторни Возила ГВ Ацо
  4. Доломит Вардар-Ремзи
  5. Интер-Кафе
  6. Пермико-Тетово
  7. Зорел Транс – Тетово
  8. Бејби Блу-Кафич-ГВ
  9. Градител Б-ДООЕЛ
  10. Општина Гостивар
  11. Општина Врапчиште
  12. Монтенегро
  13. Полог Проект-Гостивар
  14. Евро Комерц-Мекиците од Стража
  15. Прогрес 1998 ДООЕЛ с. Вруток
  16. Бела Шпет-ДООЕЛ
  17. Багатела-ДООЕЛ
  18. Пелеон-ДООЕЛ
  19. Бас Комерц
  20. Клас-Цветан ДООЕЛ
  21. Интер Комерц
  22. Карнем месна индустрија-Зубовце