|
||||
| “ДА ЗРЕЕМЕ ЗАЕДНО” (Зоран Заев) |
|
“ДА ЗРЕЕМЕ ЗАЕДНО” Со нашиот сосед Бугарија имаме големи позитивни периоди низ историјата. На пример во време кога тие се кнежевство, а и подоцна кога се држава со сите атрибути, многу од револуционерите на ВМРО од Вардарскиот и Егејскиот дел на Македонија (под Османслиска, Српска или Грчка власт) во тешки ситуации времено прибежиште наоѓаат токму на територијата на Бугарија, пред најчесто повторно подоцна да се вратат на бојното поле. Тоа е многу значајно и не смее да се заборави. Исто така, набрзо по падот на фашистичката влада во Бугарија во септември 1944 година, новата антифашистичка власт во Бугарија иако при самиот крај пред ослободувањето сепак испраќа војска за да помогне во ослободувањето од фашизмот во Македонија и барем симболично да ја подобри сликата од претходните неколку години за време на фашистичката окупација на Македонија. По референдумот за независност во 1991г. Р.Бугарија е првата држава која ја признава Р.Македонија под уставното име, а претседателот Ж.Желев е личноста која набрзо издејствува признавање и од Руската Федерација, која беше трета земја која не призна под уставното име (втората беше Турција). Подоцна во времето на двојното ембарго Бугарија беше единствениот сосед од каде Македонија во тоа кризно време се снабдуваше со нафта. Следеа и позитивни придвижувања во однсите во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ 1998-2002 итн. Сепак, има и негативни периоди. Втората светска војна секако е тоа. Низ историјата не помагале само Бугарите на Македонците. Илјадници Македонци под водство на ВМРО ги дале своите животи во состав на Бугарската армија во балканските војни и во првата светска војна, верувајќи дека на тој начин Македонија во нејзините етничко географски гранци ќе дојде до автономија или независност, или независност во рамки на некоја федерација, балканска, југословенска или бугарска федерација. Петар Дрвингов во книгата Историја Македонско-Одринските доброволци (страна 55, Македонски превод) јасно посочува дека Бугарија намерно ги праќала доброволствата на други страни од страв дека ќе се борат за автономија на Македонија. Но, некако низ целиот период се провлекува едно прашање како клучен проблем и креатор на сите меѓусебни недоразбирања и проблеми. Кога тоа прашање не би постоело, меѓу нас денес речиси не би имало проблеми и односите, довербата и блискоста ќе беа на далеку повисоко ниво. Тоа прашање е одбивањето да ја признаат нашата ПОСЕБНОСТ. Блискост, но сепак посебност како Македонци, но не само од 2-ри август 1944 година, туку и пред тоа. Во тој контекст, во одбрана на тезата дека посебноста на Македонците е реален факт и не само некакво наметнато убедување од комунистичката власт и режим на Југославија, говорат и овие луѓе во овој 30 минутен документарен филм снимен во далечната 1990 година во Бугарија непосредно по падот на Тодор Живков. Овие илјадници луѓе кои ќе ги видите собрани на чествувањето на 75 годишнината од смртта на Јане Сандански, се сите родени и израснати на територијата на Р.Бугарија. Не само што се декларираат за Македонци по националност и етникум, туку јасно нагласуваат блискост но и ПОСЕБНОСТ од бугарската нација. Тие со лични изјави сведочат со каква тортура се соочиле од комунистичката власт на Бугарија само заради фактот што се декларирале за Македонци по националност и што сметале и јавно говореле дека тоа е посебна нација од Бугарската. Гледајќи го овој документарен филм добро е нашите соседи да размислат вреди ли толку многу години негативна енергија, гнев, човечки жртви, блокади, нервози и проблеми меѓу земјите со една апсурдна потреба за континуирана закана и уцена дека нема да влеземе во ЕУ ако не прифатиме да си ја прекројуваме историјата и со тоа идентитетот, колку и денес да имаше дипломатски обиди да се одбегне да се каже тоа така директно, но сепак илјадници пати претходно јасно и јавно кажано во Бугарските медиуми. Се надевам ова видео малку ќе помогне да се размислува и од друг агол кај нашиот сосед. Препорачувам и актуелното раководство на Македонија помеѓу две местења тендери, меѓу два рекета на бизнисмени, или помеѓу два разговори со “Порошенко” да најде време да го погледне ова видео. Честит Илинден на сите граѓани на Македонија. Нека е вечен овој голем и светол празник на Македонците. Нека Св.Илија донесе посветла иднина на Република Македонија и народот во неа. (Доколку немате време да го гледате целиот 30 минутен документарен филм, напоменувам дека најважните моменти се од 9:05 до 29:30 ). Документарен филм за пиринскиот дел на Македонија Серијал:… https://www.youtube.com/watch?v=ygY6ghr_prA&feature=youtu.be |



Никола Груевски


















