Вторник, 27 Август 2019    PDF Печати Е-пошта
Ваков душмански однос на пљачка на народот немале ни најголемите окупатори на Македонија
 

Александар Николоски

Ем крадат ем се неспособни

Аферата „Рекет“ е координирана од највисоките кругови на власта, од врвот на СДСМ, и според иницијалните сознанија вкупно се изрекетирани преку 20 милиони евра од бизнисмените.

Деновиве еруптира аферата „Рекет“. Власта се обидува да ја менаџера без да дозволи да бидат опфатени оние што се на врвот на пирамидата на чело со „капо ди тути капи“, но факт е дека на целата јавност ѝ е јасно дека ова е една добро смислена и реализирана операција за изнудување пари од многубројни бизнисмени низ Македонија. Таа е координирана од највисоките кругови на власта од врвот на СДСМ и според иницијалните сознанија од бизнисмените вкупно се изрекетирани преку 20 милиони евра. Дел од овие сознанија веќе се присутни во јавноста, дел веројатно ќе станат достапни како ќе напредува истрагата, но најверојатно најголем дел ќе се објават по промената на Владата и падот на СДСМ и Заев кога обвинителството и судството ќе се ослободат од своите стеги и притисоци, а бизнисмените од заканите да не зборуваат и целата вистина ќе излезе на виделина.

Во меѓувреме, поривот на оваа власт на паѓање да се искраде сè што може во неколкуте месеци што им остануваат како власт е незапирлив. Ваква корумпирана Влада Македонија ниту имала ниту ќе има. Ваков душмански однос на пљачка на народот немале ни најголемите окупатори на Македонија. Филозофијата на Заев и СДСМ сега е да останат уште некој месец на власт за да докрадат тоа што можат. Најеклатантен пример се состојбите во здравството. Таму очигледно намерата е само една. Па, видете го тендерот за нов клинички центар. Без обезбедени средства и без да се знае колку би биле тие се оди на тендер каде што главен критериум со дури 70 поени од можни 100 е квалитет! Најсубјективната категорија за оцена! Категорија која се внесува во Законот за јавни набавки само кога СДСМ е на власт за да имаат законска можност да крадат. Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт единствен критериум беше цената! Така ќе биде и после промената на оваа власт, зашто сè друго е огромен простор за манипулација. Теоретски еден изведувач може да понуди цена од половина милијарда евра ( колку што власта вели дека би чинел центарот) друг изведувач да понуди да речеме за цели 100 милиони пониска цена, но да го добие првиот заради субјективниот критериум квалитет! Тоа е чиста кражба. И, за жал, натаму оди ова со клиничкиот центар да биде криминал на столетието. Или да го видиме тендерот за јавно-приватно партнерство за стерилизација. Да го дадете на јавно-приватно партнерство она што е основа за секоја болница и секоја здравствена установа и кое редовно и добро се извршува е само по себе криминал смислен од криминален ум. Уште кога се објави предупредив во еден мој јавен настап дека се копира моделот од Албанија и дека ќе го добие истиот човек како и во Албанија. И, ете, пред неколку дена, во екот на скандалот со „Рекет“, скоро незабележано помина дека тендерот за стерилизација го доби баш албанскиот граѓанин и фирма за кои предупредувавме. Во тој тендер цената носеше само 40 од можни 100 поени.

Само овие два примера покажуваат колкава е опуштеностa и леснотијата со која влегуваат во криминал владините функционери на ист начин и со иста леснотија со која решиле да се впуштат во безобразен рекет.

Паралелно со оваа отворена и нескриена корупција се случува и целонсо фијаско во економијата и целосно потфрлање на владините политики кои се резултат на корупцијата и на неспособноста на оваа власт. Така на пример, скоро и да помине незабележано дека Заев спомена дека се раскинал договорот со фирмата изведувач на градежните работи на експресниот пат од Велес до Прилеп, исклучително значаен за цел Пелагониски, а не Полошки Регион, како што рече Заев. Тој пат скоро и да не е помрднат од мртва точка по промената на власта. Како што го затече СДСМ, така и го остави. А сега веројатно изведувачот ќе тужи за раскинатиот договор, па ќе треба и пенали да плаќа државата. Слична е состојбата на секаде низ државата, експресниот пат Штип – Радовиш стои во место, по трасата на автопатот Охрид – Кичево порасна трева и никој не работи, нема на повидок никакви активности околу автопат Скопје – Блаце или автопат Кичево – Гостивар. За железница ништо не сме слушнале. Соседите одамна не претекнаа со инфраструктура така станувајќи привлечна дестинација за странските инвеститори. Генерално една целосно неспособност и неработа на оваа влада која работи сако кога има нешто да украде и по цел ден смислува шеми како да изрекетира некој бизнисмен. За жал, ја донесоа државата во ситуација да станува пример за студенти од скандинавските земји кои работат свои магистерски или докторски тези за корупција. Дно од кое нема подолу.

Во целата оваа неспособност и криминал младите ги пакуваат куферите во еден правец, за жал, затоа што ситуацијата станува таква што се губи секаков ентузијазам за успех.

Тажна приказна која само покажува колку една власт во само неколку години може да уништи цела држава. По следните предвремени парламентарни избори, неминовно ќе има одговорност за ова и политичка и судска. Затоа што само тоа е начинот да се дојде до нула. А потоа, со многу посветеност и работа, да се придвижат работите напред, за куферите да се полнат за патување кон Македонија, а не за рекет или за патување надвор од Македонија.

(Авторот е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ)

https://nezavisen.mk/em-kradat-em-se-nesposobni/

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.