|
||||
| Се гледаме вечерта на изборите .....Ако сеуште сте во Македонија.... |
|
Читам и слушам деновиве ,почнала иницијатива за создавање нова политичка партија основана од шарените и разочарани сдсмовци .....Нешто као Нсдп или Левица ....
Искрено се радуван, но не од причина дека демек ќе се подели гласачкото тело на СДСм туку од изборниот резулат што ги чека .Со оглед дека се работи од збир на секакви профили на секакви ликови ,од таканаречени борци за човекови права ала Најчевска,правни сончонгледи ала Тортевски,распеани(раштимувани)Скопјани,квази експерти ала Колозова ,лажни мецени и квази интелектуалци,уште на основачкото собрание ќе има повеќе фракции и опоненти одколку што ќе освојат гласови. Се радувам искрено што ќе му излезат на македонскиот гласач на мегдан ,истиот оној што го излажаа пред неколку години.Е тие гласачи драги мои ќе ви го покажат местото каде припаѓате .Токму тој македнски гласач кога ќе го види името на "Твоја Партија" на гласачкото ливче горко ќе се насмее ,ќе го прескокне и ќе си гласа за спас на својот народ и својата држава. Ќе гласаат ПРОТИВ вас зошто вие ги излажавте,ги предадовте и ги украдовте..... Ќе освоите гласови колку за избор на претседател на месна заедница . Времето тој најголем ваш непријател ви создава кошмари и непреспиени ноќи .Ве убива и ви ја испорачува вистината за тоа колку ниско едно човечко суштество може да падне. Се гледаме вечерта на изборите .....Ако сеуште сте во Македонија.... |



Александар Бичиклиски

















