|
||||
| Среќен роденден почесен Претседателе на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски! |
|
Денес на неговиот роденден, македонските граѓани со гордост се сеќаваат на најуспешниот премиер во историјата на самостојна Република Македонија и неговите дела, и заради тоа се неизмерно благодарни. Уверени сме дека тој, Никола Груевски секогаш работи и ќе работи за интересите на Македонија и македонскиот народ каде и да е. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ДА СИ ЖИВ И ЗДРАВ И ДОЛГОВЕЧЕН. НАСКОРО СЕ ГЛЕДАМЕ ВО ТАТКОВИНАТА! Никола Груевски 11 години беше премиер на Р.Македонија и ги постигна најдобрите резултати. Под негово раководство како премиер на Владата на Македонија, успешно ги надминуваше предизвиците и земјата чекореше напред, додека економската криза го тресеше светот. Македонија стана огромно градилиште, беа донесени странски инвестиции, се отворија 170.000 нови работни места и невработеноста се смали на рекордно ниско ниво. Никола Груевски беше премиер на РМ со најголем рејтинг меѓу народот, стана непремостива пречка за центрите на моќ. Тие, за да ја разнишаат поддршката и за да ја скршат вољата на македонскиот народ, започнаа специјална војна за дискредитација на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Со помош на петтата колона и Соросовите невладини организации, преку Пржинските договори го натераа најуспешниот премиер од осамостојувањето на земјата да се повлече од премиерската функција и го спречија да формира влада, иако ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите во 2016. Свесни за популарноста на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, продолжувајќи со интриги и дискредитации на центрите на моќ од разни страни испраќаа пораки во кои се бараше од Никола Груевски да си даде оставка од лидерското место на партијата. На поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, секојдневно му се закажуваа судски процеси за политички монтирани случаи, со цел негово оцрнување, а со тоа оцрнување и на ВМРО-ДПМНЕ. Никола Груевски исто како Драган Богдановски требаше да се отстрани од политичката сцена во Македонија. Она што инсталираната марионетска власт му го правеше на Груевски е антимакедонски чин. Многу скоро на предвремени или редовни парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе победи, а после победата ќе дојде ден кога истите тие кои што го осудија Никола Груевски и работеа за разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ, ќе одговараат пред Македонско независно судство и пред судот на ВМРО. Жестоките и ниски удари кои ни се случуваат и денес, се само уште еден силен мотив за ВМРО-ДПМНЕ уште поодлучно да ги збие своите редови. ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е народот. ВМРО-ДПМНЕ на чело со Претседателот Христијан Мицкоски е партија со огромен потенцијал, која ќе го најде излезот од соостојбата во која е втурната и ќе ги одбрани интересите на македонскиот народ. Христијан Мицкоски да продолжи со истото темпо за да на следните предвремени или редовни парламентарни избори, биде исчистена и излечена земјата од оваа Заевистичка болест. За таа цел потребно е на луѓето што се заблудени поради простотилок или незнаење, како и на оние кои поради лошотија и расипаност ја подржуваат сегашната власт да им се објасни кон каде злото на Заевистите ја туркаат земјата. Секојдневно сме сведоци како неспособноста на оваа власт промовира лаги, манипулации и неколку месечни скандали за криминал и корупција. Штетата која ја нанесе оваа владина гарнитура е ненадоместлива. Затоа ова лудило ќе запре со победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните избори. Македонскиот народ кој го издражал римското владеење, византискиот притисок, османлиското ропство, балканската тиранија, никогаш нема да се помири со оние кои му го одземаат името, јазикот, идентитетот и природниот стремеж да биде стопан во својата куќа. Продолжуваме уште пообединети, посплотени, поединствени! Никогаш Северна, само Македонија! АМИН! Манојил Мане Јаковлески |






















