|
||||
| Никола Груевски: За опозицијата е подобро изборите да се редовни за победата да е поголема а новата влада постабилна |
|
Никола Груевски: За опозицијата е подобро изборите да се редовни за победата да е поголема а новата влада постабилна. Но за Македонија е најдобро изборите да се утре. Во сенка на мега корупцискит скандал на владата “Рекет” останаа неколку крупни работи од кои државата, граѓаните и посебно Mакедонскиот народ во иднина може да има огромна штета. 1. Од она што видовме од медиумите главниот сведок во случајот “Рекет” во одсуство на домашни здрави и нормални институции, во ситуација кога мафијата си ја контролира државата или поточно кога државниот врв стои зад мафијата, бил принуден за да докаже под каков терор со изнуди се наоѓа, да се обрати до службата на една соседна земја со која тој имал добри лични релации и како што стои во медиумите бил и нејзин државјанин. 2. Во екот на мега скандалот “Рекет” се случи уште еден мега скандал, кој самиот премиер исплашен дека можеби е сниман во телефонски разговор со преставник на друга партија, јавно го призна и го потврди со невешти обиди да го преиначи мотивот за истото. 3. Трета значајна работа со огромни финасиски последици е што во сиот овој хаос, тргнувајќи од скандалозниот процес на промената на името, преку огромните скандали со непотизми, корупциски афери, незаконски работења, марихуани на премиерот, самододелени концесии на нови приватни хидроцентрали на вицепремиерот итн, па до криминалниот скандал “Рекет” некако бесшумно и во сенка поминаа неколку крупни намерни или ненамерни грешки во економските чекори на владата кои земјата по завршувањето на судските процеси и арбитражи постепено тргнувајќи од следните 7-8 месеци, па до три години од сега, може да ја чинат околу или над 1.500.000. 000 евра (со букви: една милијарда и петстотини милиони евра). Ваква сума не само што не се враќа од редовните приходи во Буџетот, туку ќе биде исклучително тешко за неа да се обезбедуваат и заеми бидејќи станува збор за износ кој е повеќе од една третина од вкупниот државен долг на Македонија. Како премиерот планира да ги исплати овие штети ќе видиме или можеби планот му е да земе што може и од овие процеси, па проблемот да го остави на новата влада по поразот на СДСМ на следните избори. Но, што и да се случи, парите ќе ги плати народот, порано или подоцна. Станува збор за четири случаи кои се покренати или се подготвуваат да се покренат пред меѓународен суд, а по одлуките на владата. Најголемиот случај од нив, можеби над две третини од овој износ, се очекува да биде одземената концесија за рудникот Иловица, која концесија е и дадена и земена од владите на СДСМ (поранешната на Бучковски и сегашната на Заев). Тука се и случаите со Казандол, слична проблематика како Иловица, сомнителниот случај за чудниот стрчај на Фени за кој веќе е покрената арбитража за намерен стрчај и Окта за која поранешната влада беше подготвила стратегија како да се спречи оваа тужба која произлегува од договорот, заради во изборите во 2016 не ја спроведе, ја остави на новата влада, која ја игнорираше како и се друго што им беше оставено подготвено и тужбата е веќе процесоирана. Тука е и една тужба од Макпетрол пред домашните судови која колку и да личи бесмислена, имајќи ја во предвид состојбата во судовите може да изненади. 4. Големо коруптивно задолжување ќе биде и најавеното задолжувањето на државата на износ од 500 милиони евра кај приватни комерцијални банки за изградба на нов клинички центар во Ѓорче Петров. Овде каде имаме тендер за изградба без проект, со критериум при одлучување во кој 70% од поените одат на квалитет а само 30% на цената, што значи ќе одберат кого сакаат без разлика на цената, “од авион” се гледа дека се подготвува мега криминален проект. Проектот со Клиничкиот центар ќе беше завршен за 80 милиони евра, а заедно со опремата 120 милиони евра, ако од новата влада се спроведеше веќе потпишаниот договор за градба од април/мај 2017 година.
Секој ден повеќе опстанок на оваа криминална и корумпирана влада е огромена штета и ризик за Македонија и граѓаните. За опозицијата е подобро изборите да се редовни за победата да е поголема а новата влада постабилна. Но за Македонија е најдобро изборите да се утре. |























