|
||||
| Младите не му веруваат на Зоран Заев |
![]() Јован Јаулески: Младите не му веруваат на Зоран Заев.Тој има пари за реновирање на своето партиско седиште, но нема за младите. СДС во предизборната програма во делот мерки и проекти кои треба да почнат со реализација во првите 6 месеци од мандатот вети дека ќе изгради 2 студентски града, со спортски терени, базени, читални и други содржини на просторот кај студентските домови „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“. Зоран Заев не само што не го реализира проектот студентски град, туку и 3 години го влече реновирањето на двата блока од студентскиот дом „Гоце Делчев“, кои одамна требаше да бидат спремни за вселување. Младите го видoа вистинското лице на Зоран Заев. Оваа година со денови доцнеа списоците за вселување, а студентите немаa кај да престојуваат во сред испитна сесија. Зарем ова е животот господине Заев кој викајќи на цел глас го ветувавте?Или тоа беше само за пред избори? Младите никогаш повеќе нема да наседнат на лагите на Заев. Младите во големо мнозинство се за ВМРО – ДПМНЕ, и против деструктивните политики на СДСМ. Време е за соочување со младите господине Заев. |






















