Сабота, 19 Октомври 2019    PDF Печати Е-пошта
Никола Груевски- Приказната на Заев е јалова

nikola 1Приказната на Заев е јалова

Вистинската причина заради која Заев се одлучи на брзи избори по неуспехот со почетокот на преговорите со ЕУ е неговата намера повторно, обидувајќи се да ја демонизира опозицијата, да моли за поддршка во изборите пред меѓународниот фактор.

Очигледно неговата лична проценка е дека ова е последен момент кога би можел да состави некаква приказна, колку и таа да звучи неубедливо, за да побара таква помош.

Тој е свесен дека без нив нема никакви шанси народот да му даде доволно поддршка, со која би победил или пак по поразот на изборите и без победа да состави влада.

Всушност тој би одел горе-долу со истата кампања и тези надвор кај меѓународниот фактор, но и внатре на самите избори. Претставувајќи ја опозицијата како ,,националистичко плашило” за европските и евроатланските интеграции, а себеси како “ангел спасител” за истото.

Одлуката на Заев за предвремени избори не е ниту за добивање насока од граѓаните чија насока никогаш и не му значела ниту некогаш ја почитувал, ниту за нова доверба која никогаш не ја ни добил, ниту за неговиот кредибилитет кој всушност и го нема.

Одлуката во неговите очи е последната “сламка за спас”.

Тој се плаши дека по приемот во НАТО и по потпишувањето на договорите за учебниците по историјата со двата соседа, неговата употребна вредност целосно ќе исчезне, дека не само што меѓународниот фактор ќе нема ниту една причина да се ангажира и да го поддржува на избори и при составување влада, туку заради неспособноста и криминогеноста може и да сака да се ослободи од овој криминоген ренегат бидејќи неговите катастрофални чекори надвор од испорачувањето на двата договори со соседите се повеќе им се препишуваат ним.

Но приказната на Заев е јалова. Секому му е јасно дека опозицијата е поддржувач на европските и евроатланските интеграции затоа што тоа е интерес на Македонија и на македонскиот народ и граѓани. Старата ,,финта” го нема истиот ефект кога втор пат се употребува, особено на ваков начин.
Откако вчера го провери ,,пулсот” и ја виде реакцијата кај сите кои ги смета за блиски во партијата и пошироко со приказната дека ќе поднесе оставка, денес излезе со планот, кој сигурно не му е од вчера.

Слична ситуација, но со различни мотиви, имаше во 2008 година. Тогаш ВМРО-ДПМНЕ отиде на брзи предвремени избори по самитот на НАТО во Букурешт, но имаше три мотиви и две дополнителни околности кои заедно во пакет насочува кон неминовност од брзи избори:

1. Имавме блокада на парламентот со спроведениот филибастеринг на ДУИ кој тогашниот деловник за работа го овозможуваше до бескрај (не случајно прва работа по изборите кога имавме 62 пратеника беше промена на деловникот). Над 150 закони беа блокирани без надеж да се деблокираат. Без можност да се моделираат нови политики за развој и напредок на државата преку законите се губеше смислата на владеењето.

2. Сите пост изборни коалициони партнери на ВМРО, поточно нивните лидери беа во тајни заткулисни разговори, а две од нив во финални преговори со СДСМ за формирање ново мнозинство. Беа во прашање недели за формирање ново парламентарно мнозинство и заминување на ВМРО во опозиција.

3. Анкетите покажува историско водство и поддршка кај народот за ВМРО, што и се докажа на изборите. Два други значајни фактори и околности беа исто така пресудни. Ни беше целосно јасно дека после триумфализмот на Караманлис по враќањето од Букурешт во Атина не постојат теоретски шанси тоа што го блокираше во Букурешт да го овозможи во следните 2-3 месеци. Второ, меѓународната заедница иако со мали критики за предвремените избори, сепак беше неутрална.
.
Денес после самитот на ЕУ во Брисел ништо од ова не постои. Ниту Заев има поддршка кај народот поголема од опозицијата, ниту блокада во парламентот, ниту некој негов коалициски партнер размислува да го напушти во ова време кога казната за тоа е притвор, обвинение и затвор, независно дали има или нема вина.

Денес главниот мотив на Заев е неговата последна надеж дека ќе го убеди меѓународниот фактор дека се уште има потреба од макар и криминоген и неспособен марионетски премиер, односно дека на таков начин ќе успее да ја задржи власта.

Овој пат од никого нема ветување за поддршка. Но чекорот го повлекува бидејќи нема друг избор, со надеж дека споменатите ќе “паднат на блефот” и ќе се убедат во приказната па ќе немаат друг избор.

Дали е можно да се премисли? Се е можно кај премиер кој знае дека не може да се потпре на народот, знае дека од друг зависи и кој само со интрига и заткулисни игри, надвор од очите на народот, може да дојде или остане на власт.

Но, да не заборавиме дека му е јасно дека времето не работи за него независно на скорешниот влез во НАТО.

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.