|
||||
| Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен |
|
Никола Груевски: Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Пред две години српскиот политичар Јеремиќ изјави дека сум приватизирал фабрика за оружје во Србија. ОЈО веднаш побрза да објави дека за ова започнуваат истрага. Во овој контекст го повикувам Јовевски по две години откако под негово водство ОЈО објави дека ќе вршеле истрага, да ги објави резултатите од таа истрага. Самата објава дека ќе има истрага за нешто кај многумина создава сомнеж дека нешто се случило. Затоа, коректно е да се објават и резултатите од таа истрага. И уште нешто околу интервјуто на Десковска која изнесе неточни информации околу дејствија поврзани со Законот за јазиците и случајот ТНТ, на наводен неетички обид на мој адвокат. Десковска може што сака да мисли и зборува за мене, но не личи да манипулира со јавноста создавајќи лажна слика и перцепција дека јас сум ангажирал адвокат сега да поведе некоја постапка во некаква моја корист. Всушност, тоа е исто како денес некој за нејзиниот сопруг да каже: “правниот соработник на Груевски (владата на Груевски) по прашањето поврзано со процесот кој Македонија го водеше против Грција во Хаг, денес направи ... “ ...тоа и тоа... Креирајќи перцепција дека ако некогаш нејзиниот сопруг, на професионална база, соработувал со владата која ја предводев и со мене лично како Премиер по одредени прашања за кои имал експертиза, ги застапувал интересите на државата и во тоа време си го завршил својот професионален дел во правец на одбрана на името и националниот идентитет, за што му бил платен хонорар, дека тој сега за сите негови чекори понатаму треба да се поверзува со мене. Секој министер треба да знае што зборува, доколку сака народот да го смета за сериозен. Не е доволно само сериозно да изгледа. Народот ги цени зборовите и делата, фактите, искреноста, лагите и вистината а не само дали звучеле сериозно кажано кога се кажале. |






















