|
||||
| Рекет е преголем случај за да има само 3 обвинети |
![]() Во вечерашната емисија „Само вистина“ адвокатот Ѕвонко Давидовиќ зборуваше за случајот „Рекет“ кој во изминатиот период е топ тема во државата. Според него ЈО го заташкува случајот, бидејќи како што вели, случајот е премногу голем за да има само тројца обвинети. Давидовиќ за случајот „Рекет“ кажа: -Судењето за „Рекет се одвива онака како што го подигнало обвинението, обвинителството. Судот не може сам да обвини некого. Тоа го прави обвинителството, токму тоа треба да го разберат луѓето дека обвинителството е тоа кое треба да ја спроведе истрагата, да ги обвини луѓето за судот да може да ги суди, директно имплицирајќи на неажурноста на Русковска. Тој дополнително вели дека во овој случај обвинителството одговорно тврди, а тоа ќе мора да го докаже еден ден и да поднесе отчет за овој предмет во смисла на тврдењето дека само тројца луѓе се замешани во случајот. – Овој предмет е премногу голем и ги здрма темелите на државата, не на правосудството. Вие еден Специјален јавен обвинител да го доведете до таква ситуација да заврши во притвор кажува дека нешто многу не чини во државата и при тоа самиот да одговара со уште некои две лица, вели Давидовиќ. Инаку ВМРО-ДПМНЕ во изминатиов период прозиваше на неажурноста на Русковска и тврдеше дека рекетот не да бил случај доколку немало директна поддршка од највисоките структури наа власта. |






















