|
||||
| Последните предлози на Али Ахмети на Когресот на ДУИ се обид за тивка федерализација на Македонија |
|
Предлозите што ги пласира Али Ахмети не се технички уставни корекции, туку длабоки системски интервенции што би ја смениле природата на македонската држава. Нивните последици би биле долгорочни и суштински. -Влада со Бадентерово мнозинство значи етничко вето врз изборната волја и трајна политичка нестабилност. -Бадентер во Уставниот суд значи крај на владеењето на правото и замена на Уставот со етничка математика. -Финансиски независни општини значат економска и територијална фрагментација и фактичка федерализација. Збирно, овие предлози создаваат ослабена, блокирана и етнички поделена држава. 1. Влада формирана со Бадентерово мнозинство=двоен легитимитет Што значи тоа во пракса? Освен парламентарно мнозинство, Владата би морала да има и посебно мнозинство од пратениците на заедниците, де факто етничко вето. Последици:
Ова би ја претворило Македонија од парламентарна демократија во систем со трајна нестабилност. 2. Бадентерово одлучување во Уставниот суд, е најрадикалниот и најопасниот дел. Последици:
Ова значи крај на унитарниот уставен систем и директен удар врз владеењето на правото. 3. Длабока децентрализација и финансиска независност на општините во македонскиот контекст би имало сериозни ризици. Последици:
Ова не е обична децентрализација, туку чекор кон федерализација без формално да се каже.
Македонија би се движела од: унитарна држава со мултиетничко општество Овие предлози не се во интерес ниту на Македонците, ниту на Албанците, ниту на која било заедница. Тие носат кон сервирање на моќта на политичките елити, пред сè на ДУИ, преку трајна институционална зависност на државата од етнички клуч и е спротивна на тоа што САД и ЕУ го очекуваат од Македонија, за стабилни институции и напредок кон Европа.
|























