Среда, 19 Февруари 2025   
Иселениците со пасош до неизвесност и грижа за две мајки

1GORDANA10 copy copy copy copy copy copy

Гордана Димовска

Иселувањето процес кој не запира и носи нов статус, тоа е еден процес на трансформација пат до неизвесноста.

Заминувањето од родната земја од било кои причини си носи свои последици и предизвици.

Од најраните времиња, човештвото е во постојано раздвижување. Некои луѓе се преселуваат во потрага по работа или економска можност, да се приклучат на семејството или да студираат. Други се преселуваат за да избегаат од конфликт, прогон или кршење на човековите права од големи размери. Други, пак, се движат како одговор на негативните ефекти од климатските промени, природните катастрофи или други фактори на животната средина.

Денес, повеќе луѓе од било кога живеат во туѓи земји, надвор од родната. Според последните статистички податоци има 304 милиони раселени по светот. (извор - https://www.migrationdataportal.org)

Додека повеќето луѓе ја напуштаа родината по избор, други заминуваат по потреба. Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР) процени дека до крајот на 2022 година, светот примил околу 35,3 милиони бегалци, вклучително и 5,9 милиони палестински бегалци под мандат на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (UNRWA), како и 5,4 милиони баратели на азил.

Реалноста на оддалечувањето од дома за прв пат од пакување на вашите работи до збогување со пријателите и семејството, емоционалните и логистичките предизвици што доаѓаат со оваа транзиција се премногу. И никогаш не стивнуваат предизвиците и етикетите кои ги носат како во новата земја така и во родната за која им велат – ако си патриот,зошто си ја напуштил – но никој не те прашува како ти е и со што се справуваш или дали треба нешто да ти се помогне. Напротив иселениците се справуваат со сите неизвесности при заминување и адаптирање во новата земја па нивниот допринос е голем и во едната и во другата земја. Во новата земја етикетата е секогаш – дошлак/ vogue.

Напуштањето на блискоста и удобноста на домот може да биде емоционално предизвикувачко искуство, бидејќи бара од поединецот да се движи во нови општествени и културни средини и да формира нови односи. Овој процес може да доведе до поголемо чувство на независност и самодоверба, како и зголемена способност за прилагодување на новите ситуации и самостојно решавање на проблемите. Во исто време, отсуството на поддршка и водство од семејството и пријателите може да доведе до чувство на носталгија и изолација, со што може да биде тешко да се справите.

Оддалечувањето од дома, исто така, може да поттикне поголемо чувство на независност, бидејќи поединците се принудени да преземат нови одговорности и сами да донесуваат одлуки. Ова може да вклучи сè, од управување со нечии финансии и уредување за домување и транспорт, до навигација во нови општествени и културни средини и градење нови односи. Иако зголемената независност може да биде охрабрувачка, таа може да биде и огромна, особено за оние кои не се навикнати да бидат одговорни за себе.

И при сите нови предизвици луѓето тешко го напуштаат она со кое се здобиле во родната земја но сето тое а процес на трансформација од која излегуваат посилни, спремни и за нови предизвици. Иселениците се стекнуваат со матернјално богатство и освен што ги помаат своите најблиски можат и да помогнат во отворање на бизниси а со тоа подобрување на економијата.

Општо познато е дека миграцијата има позитивно економско, социјално и културно влијание врз

Австралија. Општо земено, мигрантите и бегалците покажуваат силна отпорност и приспособливост кон новото, предизвици и опкружување. Тие се подготвени да преземат било каква работа при доселувањето. Исто така, многу од мигрантите и бегалците покажуваат склоност за напорна работа и жртви со цел да се воспостави се во нова земја. Нивната подготвеност да ги искористат можностите што им се дадени е прикажана на начинот на кој нивното учество во колеџ и  и Универзитетскиот живот, како и новиот бизнис има се зголеми во последните 30 години. Дополнително, постојат докази дека и покрај неповолните околности, тие може да продолжат со големо почитување на безбедноста и слободата што им се нудат во Австралија.

Дали матичната земја Македонија има намера да формира тело кое ќе се грижи за иселениците или да развие програма за враќање на иселениците? Но дури да се случи тоа, треба да се има комуникација и развој на односите на накеој начин. Во дијаспората каде и да живеат Македонци, силно ги чуваат своите национални белези и треба матичната земја барем да помогне во набавка на учебници за децата кои учат македонски јазик.

 Политичарите кои го продадоја националното достоинство потпишувајќи штетни договори од памтивек до денес – го предадоа името, јазикот и кој воопшто прави нешто да се стопира и иселувањто, да се воздигне Македонија на стабилно економско ниво, да си го врати името МАКЕДОНИЈА да си ги врати иселените! Или тоа е само недосонуван, неостварлив сон зошто никој нема да работи на тоа. Имав порано напишано статиј Интернет борба за Македонија 2011 година – по се изгледа дека се се сведува на “борба на интернет”, на социјалните мрежи, игранки, концерти, фестивали на храни.

Гордана Димовска

Мелбурн-Австралија

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.