Актуелно
Среда, 19 Ноември 2014 04:06    PDF Печати Е-пошта
Криминалци во Реканско и влијанието врз Мијаците (2 дел)

kniga-za-mijacite-180Авторот Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), пишува и за албанските инвазии во Реканско, нивното насилство врз македонското население и иселувањето на Мијаците од нивните живеалишта распространети на природната граница меѓу албанскиот и македонскиот народ.

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 04:06    PDF Печати Е-пошта
Криминалци во Реканско и влијанието врз Мијаците (1 дел)

kniga-za-mijacite-180Авторот Георги Трајчев во својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), пишува и за албанските инвазии во Реканско, нивното насилство врз македонското население и иселувањето на Мијаците од нивните живеалишта распространети на природната граница меѓу албанскиот и македонскиот народ.

Повеќе...
 
Среда, 12 Ноември 2014 03:35    PDF Печати Е-пошта
40 години од формирањето на ансамблот „Томов“ од Њујорк

tomov-180Ансамблот за народни игри и песни „Томов“ од Њујорк, предводен од уметничкиот директор и кореограф, Џорџ (Ѓорѓи) Томов беше формиран во 1974 година со цел да ги прикажува на американскиот контитент богатите игри и песни од Балканот, посебно од Македонија. Ансамблот предводен од видниот македонски иселеник Џорџ Томов беше составен исклучително од Американци, ентузијасти, играорци, пејачи и музичари, а само уметничкиот директор и кореограф беше Македонец. Тоа беше единствен ансамбл во светот од ваков вид. Неговите членови беа Американци од кои голем број по занимање беа и се професори, инженери, научници кои своето слободно време го посветуваа на богатите игри и песни, ја чуваа балканската и македонската фолклорна традиција, оригиналност и автентичност на костумите и кореографијата. Оригиналните игри на ансамблот „Томов“ ѝ се познати на македонската јавност уште од 1979 година, кога првпат американските играорци со успех гостуваа во Република Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 05 Ноември 2014 02:02    PDF Печати Е-пошта
Мијаците со својата „фрча“ и длето оставија македонски печат на Балканот

mijaci-180Долга редица на Мијаци, едни од други подостојни, сите воспитаници на Дебарско- Галичко Реканската уметничка школа, со својата „фрча“ и длето, во текот на  XIX и почетокот на XX век ставија печат на живописите и резбарските дела по целиот Балкански Полуостров, со што ја прославија Македонија. Нивната мајсторска изработка и убавината гo привлече вниманието на голем број научници и патеписци кои се` повеќе се интересираа за културата на минатите времиња на Македонците. За ова културно богатство свој осврт ќе направи и Георги Трајчев. 

Повеќе...
 
Четврток, 18 Септември 2014 18:24    PDF Печати Е-пошта
Драган Богдановски – живот посветен на идејата за независна и обединета Македонија

Dragan Bogdanovski 4На 18 септември 2014 година се навршуваат точно 85 години од раѓањето на една од најмаркантните фигури од поновата историја на македонскиот народ - Драган Богдановски. Интересот за Богдановски во последниве години е особено изразен, и тој не е случаен. Драган Богдановски е најмногу познат по неговата политичка активност во емиграцијата и Р. Македонија, но многу помалку е познат неговиот творечки опус, кој дополнително треба да се истражува.

Повеќе...
 
Среда, 17 Септември 2014 02:05    PDF Печати Е-пошта
Во Романија прослевен 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија

romanija-8-septemvri-180„Република Македонија ќе продолжи во нејзините напори да гради мостови на пријателство и соработка. Како добар сосед, ние продолжуваме со изградбата на инфраструктурните и енергетските, трговските и економските, политичките и културните коридори, кои не` поврзуваат нас со сите наши поблиски и подалечни соседи. Овие коридори што сега се градат, овие врати на соработка кои ги отвораме, еден ден ќе се користат од страна на нашите деца и децата на нашите соседи. Тие ќе живеат во иднина во регионот кој сега ние го создаваме. Ние сакаме да им оставиме обединет европски регион, со избришани граници на поделбите од минатото“ – вели амбасадорот д-р Панде Лазаревски за романскиот „NINE O’CLOK“.

Повеќе...
 
Среда, 17 Септември 2014 02:01    PDF Печати Е-пошта
Писмо од Хрватско Народно Ослободително Движење по повод пресудата на Драган Богдановски

hrvatska-180Осудувате човек на 13 години затвор само затоа што дрдорел (зборувал), а не ликвидирал никого од послушните слабаци и плеткачи. Само судете! Ќе ви се суди и вам!

Повеќе...
 
Вторник, 09 Септември 2014 13:48    PDF Печати Е-пошта
СПОМЕН ЗА БОРЦИТЕ И ЖРТВИТЕ ОД ЕГЗОДУСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

smk8 септември 2014 година, Штип, Македонија

Повеќе...
 
Среда, 13 Август 2014 02:03    PDF Печати Е-пошта
Зубовчани на Марена не работат, празнуваат

zubovce-marena-240Пред многу векови, според преданијата, во екот на жетвата во зубовското поле, на житните култури, избил пожар и целиот принос на житото изгорел

Повеќе...
 
Сабота, 02 Август 2014 11:03    PDF Печати Е-пошта
Отворена манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2014

10537419 697040313684953 2497467100022276994 nГовор на Потпретседателот на НКС „Десет дена Крушевска Република“, Г-дин Манојил Јаковлески, на 1 Август 2014 на Гумење во Крушево.

Почитуван Претседател на Собранието на Р.М. Г-дин Трајко Вељаноски,

Почитуван градоначалник на Крушево Г-дин Ѓорги Дамчевски,

Почитувани претставници на МПЦ-ОА,

Почитувани Пратеници, Екселенции,

Почитувани Крушевчани, дами и господа, браќа и сестри,

„Од сон до сонце“е мотото под кое оваа година македонскиот народ во целиот свет го одбележува Илинден. Оваа година славиме јубилеј 70 години од АСНОМ и 111 години од Илинденското востание.

По тој повод ми претставува особена чест и задоволство во името на Советот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“, да Ве поздравам од ова историско место на македонскиот непокор.

Секоја година Советот на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ организира богата ПРОГРАМА за овие десет дена.

Оваа година покровител на одбележувањето на најголемиот македонски национален празник Илинден е Претседателот на Македонското собрание, Г-дин Трајко Вељановски.

На кратко програмата за оваа година:

Утре 2 август, Традиционална прослава

Во чест на Крушевската Република на Мечкин Камен

3 август, Влашка вечер, посветена на Питу Гули

4 август, Во спомен на жртвите на холокаустот и во чест на сите Евреи кои се бореле за самостојна Македонија

5 август, Македонски народни песни, концерт на Миле кузманоски

6 август, Вечер на Оперски Дуети „Љубовни Приказни“ Концерт на Билјана Јосифов и Дарко Нешковски

7 август, Гостување на Општина Маврово и Ростуше

8 август, Гостување на Општина Македонски Брод

9 август, Гостување на Општина Мала Преспа

10 август, Затворање на манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2014

Настап на етно музичка група „Љубојна“

И на крај, церемонија на спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба за хероите на Илиндени Крушевскта Република.

a 103

Почитувани,

Илинденското востание и формирањето на Крушевската Република во 1903 година, по повеќе од еден век на преживеани крвави настани, поделби и војни, претставува една од најсилните и најсветлите манифестаци и како спомен од херојската борба на македонскиот народ за слобода и независност.

Илинденското востание, беше историски настан без преседан,повикот до сите обесправени, без оглед на вера и нација, да застанат заедно под знамето на востанието, беше далеку пред своето време.

Формирањето на Крушевската Република, претставува аманет да не заборавиме кои сме и што сме. Аманет за високите хумани вредности прокламирани со Крушевскиот манифест.

Аманет да се продолжат постапките кои ги поставија апостолите на македонската револуционерна борба, Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Јане Сандански, Тодор Александров, Питу Гули, Христо Узунови плејада други македонски борци кои ги дадоа своите животи за слободна и независна Македонија.

Аманетот на првиот Илинден беше исполнет со вториот Илинден, кога на 2 август 1944 година, беше одржано Првото заседание на АСНОМ и формирана македонската држава.

Ако 1903 година на првиот Илинден, македонскиот народ во Крушево ја формира првата демократска Република на Балканот, ако на вториот Илинден од 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчињски ги положи темелите на македонската државност, тогаш на 8 септември 1991 година македонскиот народ се стекна со целосна самостојност, независност и сувереност.

Да расправаме, да се натпреваруваме во нудење идеи и решенија за сите прашања од јавен интерес,тогаш разликите се потребни и корисни. Меѓутоа, кога е во прашање националниот интерес, тука мора да има единство!

И по 111 години Илинден и 70 години од АСНОМ, камбаните во цела Македонија повторно бијат за нови „Илинденци“кои ќе го продолжат аманетот на своите предци, да ја продолжат завршната битка, битка за економски развој и битка за зачувување на името и идентитетот.

Инспирираат и поттикнуваат делата на големите претци од времето на Филип и Александари на сите оние кои со перо и со пушка, со збор но и со дело го живееле сонот за независна Македонија.

Ако во минатото патриотизмот се покажувал со пушка во рака, денес патриотизмот го докажуваме со постигнувања во науката и образованието, во културата и спортот,во економијата и создавањето инфраструктура која значи подобри услови за развој.

Да создаваме, оти така се остваруваме како луѓе создадени од Бога, со добра мисла и благослов, за доброто на генерацијата денешна, но и за генерациите што следат.

Со мудрата политика, решителност, толерантност и чесност на Премиерот на Владата на Р.М. Никола Груевски, мудроста на Претседателот Ѓорге Иванов и собранието на Република Македонија, не`поттикнаа да работиме неуморно за македонската кауза, да ја градиме нашата држава и да го зачуваме нашиот белег.

Стана обичај да се повторува нашата посветеност кон евроатланските интеграции. Да, одамна сме рекле дека наша цел е да бидеме дел од ЕУ и НАТО.

Ние сме спремни и за ЕУ и за НАТО. Чекаме само ЕУ и НАТО да бидат спремни за нас, без двојни стандарди и без блокади.

Бидејќи, само како МАКЕДОНИЈА и како МАКЕДОНЦИ сме придобивка за Европа и светот!

Некои ни велат дека имаме проблем околу името!

Да им порачаме од легендарно Крушево: Ние таков проблем немаме!

Ние знаеме кои сме и што сме и после 100 години ќе знаеме дека сме Македонци и ќе сме свесни за коренот наш Македонски!

Затоа, верувам дека и нашиот јужен сосед, ќе смогне разум и храброст да се соочи со реалноста дека оваа држава се вика Македонија, дека МАКЕДОНИЈА и МАКЕДОНЦИТЕ постоеле, постојат и ќе постојат, како нивни искрени соседи и пријатели!

Почитувани Крушевчани, овие десет дена чествување Илинден, бидете добри домаќини како и секогаш, пречекајте ги со насмевка гостите кои доаѓаат, покажете им дека во ова славно Крушево разликите меѓу луѓето не се проблем, туку предност за дружење и харомија.

Ги прогласувам Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“ за отворени и некани е вечна Македонија!

Манојил (Мане) Јаковлески, Крушево, 1 август 2014 г.

 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.