|
|
| Македонија е геополитичка раскрсница на Балканот! |
|
Кога во бурните деведесетти години, под притисоци, закани и политички прогон, ја основавме ВМРО-ДПМНЕ, не го правевме за функции, туку за Македонија. Со срце, со визија и со жртва ја поставивме основата на партија која ќе стане најсилниот бедем на македонската државност и иднина. И уште тогаш ја кажавме вистината: Македонија е геополитичка раскрсница на Балканот! Но тогаш ни се смееја. Ни велеа дека сме „националисти“, дека не ја разбираме „новата реалност“, а зад тие флоскули го криеја распродавањето на државните интереси. Денес, три децении подоцна, светот се менува, Балканот гори од интереси, а Македонија нашата татковина стои токму таму каде што отсекогаш стоела, во центарот на Балканот! Гасоводот, автопатите, железниците, електричната енергија, миграциите, безбедносните канали и геополитичките влијанија, сè поминува низ Македонија. Денес дури и тие што не веруваа, признаваат дека Македонија е стратешка точка од прв ред. Но, прашањето е дали имаме луѓе кои ја сакаат оваа земја доволно за да не ја продадат за лични интереси? ВМРО-ДПМНЕ, водена од новата генерација политичари на чело со Премиерот Христијан Мицкоски и со силна потпора од народот, членовите, симатизерите, основачите и ветераните, Македонија денес се враќа на својата коренска мисија: да ја сочуваме и изградиме Македонија како независна, достоинствена и силна држава со гордо крената глава. Македонија е повеќе од парче земја. Таа е крстопат, судбина, срж на Балканот. Македонија е раскрсница и на таа раскрсница ние избираме иднина! Македонија е се што имаме! Вечна да е Македонија! |
















