|
|
| КОМИНТЕРНАТА НЕ ГО СОЗДАДЕ МАКЕДОНСКИОТ, ГО СОЗДАДЕ БУГАРСКИОТ ЈАЗИК! |
|
Александар Македонски Џеповски Во последно време повторно се засилува старата бугарска пропагандна приказна – дека наводно Коминтерната ја „создала“ Македонија и македонскиот јазик, а сето тоа подоцна го спровел Јосип Броз Тито. Оваа теза се повторува толку упорно што некои веќе почнуваат да ја прифаќаат како историски факт. Но вистината е сосема поинаква. Македонскиот јазик не е создаден во 1945 година. Тој постоел со векови како жив народен јазик, со свои дијалекти, со своја културна традиција и со свои писмени траги. Во 1945 година тој не беше „измислен“, туку кодифициран и официјално признаен како јазик на македонскиот народ во рамките на тогашната ФНР Југославија. Тоа значеше и нешто многу поважно – македонскиот народ беше признаен како рамноправен народ, а Македонија како рамноправна република. Колку и некој да ја сака или мрази Југославија, овој историски факт не може да се избрише.
Но токму тука започнува парадоксот. Додека денес некои бугарски историчари и политичари тврдат дека македонскиот јазик е „проект“ на коминтерна но ја премолчуваат сопствената историја.
Малкумина зборуваат за фактот дека токму во 1945 година Бугарија со помош на Советскиот Сојуз-Коминтерна спроведува голема правописна реформа, со која се укинуваат неколку букви од старото македонско писмо и се прават значајни измени во јазичниот систем. Во 1946 година следуваат и дополнителни измени. Сето тоа се случува во период кога Бугарија е под политичко и културно влијание на Советскиот Сојуз. Затоа денешните обиди да се претстави македонскиот јазик како „вештачка творба“ не се ништо повеќе од политичка пропаганда која се судира со сопствените историски факти. Но уште потрагично е кога во Македонија се појавуваат луѓе кои со неверојатна леснотија ја повторуваат истата таа пропаганда. Луѓе кои се подготвени да го негираат сопствениот јазик, сопствениот народ и сопствената историја, само за да ги оправдаат туѓите комплекси и заради лични финансиски интереси. Историјата, сепак, има една лоша навика за пропагандистите – таа не може бескрајно да се фалсификува. Македонскиот јазик постоел пред 1945 година, постои денес и ќе постои и во иднина. Тој е дел од идентитетот на еден народ кој премногу пати во историјата морал да се брани од туѓи претензии. Колку повеќе некои се обидуваат да го негираат, толку повеќе ја откриваат сопствената несигурност. А вистината, колку и да се оттурнува, секогаш си го наоѓа патот. КОЛКУ И ДА СЕ ТРУДАТ ИЗРОДЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ ТАТАРОЉУБЦИ ДА НИ НАКАЛЕМАТ НИВНИ КОМПЛЕСКИ И ФРУСТРАЦИИ, ТОЛКУ ГОСПОД ИМ ВРАЌА 10 ПАТИ ПОГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ И НЕКА УЖИВААТ КАКО ГУБИТНИЦИ. АМИН !!! |


















