| Среда, 09 Април 2014 02:51 |
 |
 |
 |
|
| Александар Христов
|
| Александар Стоев Христов (14. II. 1929 – 20. Х. 2005) е македонски национален деец, публицист и поет. Како „неблагонадежен“, го праќаат на превоспитување во рудник за ураниум, од каде што успева да избега и нелегално преку Грција и Бразил оди во Франција. По завршувањето на Факултетот за новинарство и социологија во Париз во 1968 година, работи во Радиото ББЦ во Лондон. Со група Македонци во Сиднеј (Австралија) го основаат весникот „Народна волја“ (1. Х. 1980) и станува прв негов главен редактор. Објавува пет стихозбирки во Париз, Лондон и Софија (на француски и бугарски јазик) од кои провејува македонскиот дух.
|
|
| Среда, 02 Април 2014 02:29 |
 |
 |
 |
|
| Иван Анастасов – Грчето
|
| Иван Анастасов – Грчето (1880 - 1905) е македонски револуционер, деец на Мекедонската Револуционерна Организација, драмски војвода на ТМОРО. Дејствувал како организатор на Организацијата во Петричко, Поројско, Демирхисарско и Струмичко. Бил комита во повеќе чети и зел учество во Илинденското востание како војвода на чета во Драмско. Загинал во борба со османлиската војска. Оставил сеќавања за револуционерната дејност (1904).
|
|
| Среда, 26 Март 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Анастас Јанков
|
| Анастас Јанков (1. VIII 1857 – 15. IV 1906) наречен Македонски Гарибалди или Јанко Паша е македонски револуционер и врховистички деец во македонското народноослободително движење. Иако бил офицер на бугарската армија и член на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), каде се смета дека Македонија и Одринско неможат да бидат ослободени со општо востание, туку со помош на бугарската војска и дека ова прашање е во рамките на бугарското национално прашање, тој покажува јасно изразен македонски идентитет.
|
|
| Среда, 19 Март 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Анастас Јанков
|
| Анастас Јанков (1. VIII. 1857 – 15. IV. 1906) наречен Македонски Гарибалди или Јанко Паша е македонски револуционер и врховистички деец во македонското народноослободително движење. Иако бил офицер на бугарската армија и член на Врховниот македонско-одрински комитет (ВМОК), каде се смета дека Македонија и Одринско не можат да бидат ослободени со општо востание, туку со помош на бугарската војска и дека ова прашање е во рамките на бугарското национално прашање, тој покажува јасно изразен македонски идентитет.
|
|
| Среда, 12 Март 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Христо Шалдев
|
| Христо Шалдев (25. XII. 1876 – 2. II. 1962) е македонски револуционер и деец на Македонската револуционерна организација. Бил член, секретар и претседател на ТМОК и член-основач на МНЛД во Санкт Петербург (28. Х. 1902), учесник во Илинденското востание (1903). Подоцна во Софија е уредник на весникот „Илинден“ (1924–1925) и списанието „Илустрација Илинден“ (1934–1936). Познат под псевдонимот Лефтер.
|
|
| Константин Димитров Петкович (1824 - 1898) е македонски преродбеник, поет, преведувач, научник и руски дипломат. Тој е првиот Македонец кој ги завршил славистичките студии на Историско-филолошкиот факултет на Петербуршкиот универзитет. Автор е на една од првите стихотворби во новата македонска поезија и е потписник на првиот труд од славистиката напишан на македонски јазик, кој е печатен во издание на Руската академија на науките. Пишувал на руски и на македонски јазик. Зборувал англиски, француски, италијански, романски и повеќе словенски јазици. Бил дипломатски службеник во Видин, Дубровник, Палестина и Бејрут.
|
|
| Среда, 26 Февруари 2014 03:37 |
 |
 |
 |
|
| Христо Зарезанков
|
| Христо Георгиев Зарезанков (1. I. 1890 – 4. V.1938) е македонски револуционер, сандинист и анархосоцијалист. Тој е еден од дванаесетемина Македонци со потекло од сите три дела на Македонија за кои има податоци дека учествувале во текот на Октомвриската револуција од 1917 година. Но, исто така тој е еден од жртвите кои настрадаа во Сталиновите чистки.
|
|
| Среда, 19 Февруари 2014 03:18 |
 |
 |
 |
|
| Гео Пирински
|
| Георги Николов Зајков (псевдоним: Гео или Георги Пирински) (15. VIII. 1901 – 7. XII. 1992) е еден од најактивните културнонационални дејци меѓу македонската прогресивна емиграција во САД.
|
|
| Среда, 12 Февруари 2014 03:03 |
 |
 |
 |
|
| Георги Баласчев
|
| Георги Баласчев (псевд. Езерски) (10. IV. 1869 – 6/7. X. 1936) е историчар, археолог, публицист и еден од видните претставници на македонската емиграција во Бугарија, каде бил обележан како сепаратист. Во 1891 година, бил еден од иницијаторите за основање на Младата македонска книжевна дружина, а во 1892 година и на списание „Лоза“ во Софија. Го уредувал научното списание „Минало“ (1909–1919). Бил член на Македонскиот научен институт во Софија. Објавил околу 80 научни трудови од средновековната македонска и бугарска историја.
|
|
| Среда, 05 Февруари 2014 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Александар Станоев
|
| На 22 ноември 2013 г., се навршија 106 години од смртта на револуционерот од Неготино, член на Централниот комитет на ВМРО избран на Рилскиот конгрес во 1905 година, Александар Станоев. Умрел на 26 години во виенска болница каде што бил лекуван од последици од рана добиена од куршум, со кој се самозастрелал во обид да не им се предаде жив на турските власти кога бил опколен и во безизлез. Неговите коски засекогаш останале во Виена. За жал, кај пошироката јавноста во Македонија многу малку се знае за овој револуционерен лик, иако целиот свој живот го посветил на револуционерното дело и на ослободување на Македонија.
|
|
|
|