| Среда, 24 Април 2013 02:03 |
 |
 |
 |
|
| Ѓорѓи Поп Христов
|
| Ѓорѓи Поп Христов – Крстоарец (1876–1962) е македонски учител и револуционер, член, раководител и војвода на Македонската Револуционерна Организација. Учителствувал во Кавадарци, Прилеп и Битола и бил член на Битолскиот Окружен Комитет (1900 – 1903). Во 1903 учествува на Смилевскиот конгрес и во Илинденското востание во Леринскиот реон. По Првата Светска Војна бил член на ЦК на ВМРО (1925), а од 1928 година во протогеривистичката ВМРО.
|
|
| Среда, 17 Април 2013 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Михаил Сматракалев
|
| Михаил Сматракалев (15. XII. 1910 - 16. IV. 1998) е македонски национален деец, поет, раскажувач, новинар, публицист, револуционер. Познат под литературниот псевдоним Ангел Жеров, тој е еден од најпројавените активисти на напредната македонска емиграција во Бугарија меѓу двете светски војни. Пишувал на бугарски јазик. Посебноста на македонската нација и борбата на македонскиот народ за национални и социјални права и слободи е тема во неговиот шестдецениски новинарски и публицистички ангажман.
|
|
| Среда, 10 Април 2013 02:00 |
 |
 |
 |
|
| Владимир Полежиноски
|
| Д-р Владимир Полежиноски, доктор на Сорбона, човекот што го понесе антифашистичкиот отпор во Кичевско, еден од творците на актите на АСНОМ и голооточки затвореник.
|
|
| Среда, 03 Април 2013 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Вангел Мангов
|
| Вангел Мангов е роден во 1912 година во Костурското село Жупанишча, Егејскиот дел од Македонија. Основно образование завршил во 1926 година, а потоа учи во Костурската и Цотилската гимназија. Во периодот по Првата Светска Војна, кога во Егејскиот дел на Македонија не постои организација на македонскиот народ која ќе се спротивстави на грчките шовинисти, Вангел Мангов како средношколец пристапува кон комунистичката младинска организација и поради неговите револуционерни идеи, тој бил избркан од средното училиште.
|
|
| Среда, 27 Март 2013 02:37 |
 |
 |
 |
|
| Нестор Алексиев Мирчевски
|
| Нестор Алексиев Мирчевски (Осој, Дебарско, 25 март 1873 - Скопје, 17 јули 1969), последен од големата тајфа македонски резбари.
|
|
| Среда, 20 Март 2013 11:02 |
 |
 |
 |
|
| Мануш Георгиев - Турновски
|
| Мануш Георгиев (10. VIII. 1881 – 7. II. 1908) е македонски револуционер, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е уште еден од плејадата млади македонски дејци кој својот живот го посветува на македонското ослободително дело. Длабоко уверен од неопходноста на револуционерната борба, Мануш го става својот живот во служба на народот за извојување на подобри денови на македонскиот народ.
|
|
| Среда, 13 Март 2013 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Јанко Поповиќ - Охриѓанец
|
| Јанко Поповиќ (Цинцар Јанко), (Охрид, ок. 1779 - Ќуприја, 1833) - војвода во Првото српско востание. Првин пристигнал во Валево (1800). Уапсен од османлиските власти, кратко време минал во затвор (јануари 1804). Штом избувнало Првото српско востание (1804), му се приклучил на Ј. Ненадовиќ. Истакнувајќи се со необична смелост и храброст, водачот на востанието Караѓорѓе Петровиќ го претворил во бомбаш. Посебно се истакнал во битките на Мишар, при заземањето на Белград, во Лозница и Делиград. Станал пожаревачки војвода (1811), но морал да пребега во Австрија (1813), а потоа во Хотин. Подоцна се вратил во Шабац (1830).
|
|
| Среда, 06 Март 2013 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Херберт фон Карајан
|
| Херберт фон Карајан (1908 - 1989) е австриски оркестарски и оперски диригент, еден од најпознатите и најголемите диригенти во светот на сите времиња. Австрискиот диригент со македонски корени е доминантна фигура во Европската класична музика по Втората Светска Војна. Настапувал низ цела Европа и Светот, а најдобрите настапи му биле со Берлинската и Виенската филхармонија. Засекогаш ќе остане запаметен настапот на Карајан со Виенската филхарминија на Новогодишниот коцерт во 1987 година.
|
|
| Среда, 27 Февруари 2013 03:00 |
 |
 |
 |
|
| Лефтер Методиев Манче
|
| Лефтер Методиев Манче (Lefter Mantse 29. IX. 1935) е познат светски естетски хирург, трансплантер и универзитетски професор. Тој е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и Светот, но никогаш не заборавија дека се Македонци.
|
|
| Среда, 13 Февруари 2013 03:15 |
 |
 |
 |
|
| Ангел Динев
|
| Ангел Динев (1. Х 1891 – 17. II 1952) е македонски револуционер, новинар, публицист, историчар и општественик.
|
|
|
|